Екс ракометарката на Вардар, Јованка Радичевиќ и во следната сезона ќе биде дел од словенечкиот шампион Крим Меркатор, кој минатиот викенд избори осминафинале во Лигата на шампионите.
Искусната Радиччевиќ во редовите на Крим пристигна на почетокот на оваа сезона од Кастамону. Црногорката по Европското првенство 2022 ја заврши репрезентативната кариера и одлучи да се посвети само на клупските настапи.
Во Крим останува и една од носителите на играта, средниот бек Дарија Дмитриева, која во оваа сезона во групната фаза во Лигата на шампионите постигна 76 погодоци. Русинката во тимот на Аџиќ пристигна ова лето од ЦСКА Москва и веднаш стана еден од лидерите во словенечкиот шампион.
Според словенечкиот „Дело“, поранешната ракометарка на Вардар, Тамара Мавсар, како и нејзината репрезентативна колешка Нина Жулиќ во следната сезона ќе имаат камбек во редовите на Крим.
Мавсар моментално настапува за Шиофок од Унгарија. Некогашното лево крило на Вардар најголемиот дел од својата кариера го мина во редовите на Крим. Средниот бек Жулиќ во последните две сезони е дел од актуелниот шампион на Турција, Кастамону. Исто како и Мавсар, Жулиќ е производ на Крим, клуб во кој настапуваше од 2012, па се до 2020 година.