Данскиот ветеран Ханс Линдберг по натпреварот меѓу Бидасоа и Фуксе Берлин од Лигата на Европа влезе во елитно друштво.
Десното крило сега може да се пофали дека има постигнато повеќе од 1.000 погодоци во европските купови.
Тој во моментов има постигнато точно 1.000 гола, а со тоа стана само шестиот ракометар во историјата на кој му успеал овој подвиг.
Далеку на првото место е нашиот Кире Лазаров, кој има постигнато 1521 гол во сите европски купови, а втор на листата е Никола Карабатиќ, кој се уште е активен и има досега 1.174 погодоци.
Активни се и Дибиров и Хансен, но не се закана за првото место на Лазаров.
Листа на играчи со најмалку 1.000 гола во еврокуповите:
1. Кире Лазаров – 1521
2. Никола Карабатиќ – 1174
3. Тимур Дибиров – 1103
4. Микел Хансен – 1061
5. Момир Илиќ – 1033
6. Ханс Линдберг – 1000