Тимот на Чаир има големи амбиции во Женската лига и во Купот на Македонија оваа сезона, па донесе две засилувања пред стартот на пролетниот дел од сезоната на почетокот на март. Станува збор за голманката Катарина Митровиќ и десниот бек Јасмина Попова.
Митровиќ е српска интернационалка, поранешна младинска репрезнтативка на северниот сосед, а настапите во Македонија нема да и бидат нови бидејќи две сезони го бранеше голот на Куманово.
Попова е десен бек, еден од најдобрите стрелци во Женската лига оваа сезона и доаѓа од екипата на Скопје. Претходно настапуваше за Гевгелија, Вардар и Ѓорче Петров. Таа е ќерка на поранешната репрезентативка Елма Пршеш Попова.
Во меѓувреме Чаир во пролетниот дел на сезоната нема да смета на грузиските интернационалки Елизабета Чкаидзе и Мариами Микелидзе, кои не ги исполнија очекувањата на раководството.
Чаир има 12 бода на табелата во плеј-офот на делба на второто место со Вардар и Металург, а првиот предизвик ќе го има на 11 март на домашен терен со екипата на Стружанка.