Според предлог листата што ја достави Ракометна федерација на Македонија до Агенцијата за Млади и Спорт, 14 клубови што играа во Првата лига во сезоната 2021/22 имаа право да се пријават за ваучер.
Од нив само 8 добија ваучери, додека преостанатите шест ги нема на листата што денеска беше објавена. Најголем ваучер има за составот на Младост Богданци – 1.400.000 денари.
Но, екипите на Драчево, Астраион, Делчево Вардар, Текстилец, Борец и Партизан Гевгелија нема да сметаат на спортски ваучери. Доколку не се работи за пропуст на АМС, тогаш јасно е дека овие шест клуба не ги исполниле условите за да добијат ваучери за 2023 година.
Од младинските категории, за ваучер се пријавија седум клуба, но само еден од нив Бисинов од Велес доби ваучер во износ од 150.000 денари.