Каде и да се појави, кога и да се појави, Веселин Вујовиќ секогаш привлекува внимание околу себе.
Некогашниот тренер на Вардар и селектор на Македонија во интервју за српски „Курир“ зборува за своето детство, кариера, семејство, грешките, повредите, карактерот…
Меѓудругото сподели и досега необјавени фотографии, на кои е без брада и се пошегува
„Јас сум ’прва’ брада во градот. После дојде Чак Норис. Се паметам себе без брада, нормално. Малкумина би ме препознале, лицето ми изгледа тотално поинаку. Многу помладо, па за некоја година ќе се избричам поради жена ми“, се смее Вујо.
Вујовиќ во младоста играл паралелно ракомет и кошарка.
„Тренирав од 6 до 8 кошарка, а од 8 до 10 ракомет. Југославија не беше мала. На пример игравме во Битола во Македонија ракометен натпревар во сабота, а во недела не чекаше кошаркарски натпревар. Јас ’мртов’ од патот со ракометарите, одам да играм и кошарка. Често не ни знаев ни каде играме, ни со кој, бидејќи по пат спиев“, вели Вујовиќ.
Тој откри дека се степал во соблекувална со најдобриот пријател и соиграч.
„Со соиграчот и најдобар пријател Рашиќ, по еден натпревар се степавме во соблекувалната. Не раздвоија, но потоа закажавме продолжение пред хотел. Тренерот не спречи и добро постапи. Но, ако можев да се степам со најдобриот пријател, за останатите не е никаков проблем. Тој карактер не може да се повтори“, вели Вујо.