Тимот на Порто, каде што брани македонскиот голман Никола Митревски, славеше над Агуаш Санташ во 14 коло од португалскиот шампионат.
Порто оствари победа од шест гола разлика, 34-28, а ова беше пораз за Агуаш Санташ пред гостувањето во Битола кај Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа.
Митревски бранеше едно полувреме и успеа да забележи пет интервенции во моментите кога Порто ја правеше разликата.
Порто е на второто место заедно со Бенфика со по 39 бодови, додека лидер е Спортинг Лисабон со 40 бода.