Македонската голманка Бисера Паскал ја продолжува одличната форма во израелскиот шампионат во која брани од стартот на сезоната.
Екс ракометарката на Куманово и Металург, која го брани голот на Бнеи Херцлија, заедно со својот тим успеаја да го совладаат составот на Макаби Аразим со 32:31.
За потсетување, тимот на Макаби Аразим ги елиминираше екипи на Куманово и Чаир во рамки од Европскиот Куп.
Паскал беше една од најзаслужните за освоената победа над Макаби Аразим, дуелот го заврши со 12 одбрани од 27 упатени удари, а од 52 минута, па се до крајот, прими само еден гол, а забележа пет интервенции.
Македонката во одлучувачките моменти не дозволи ривалот да се избори за барем бод на натпреварот и му донесе нов радост на амбициозниот тим на Бнеи Херцлија, кој моментално се наоѓа 2. позиција.