Неочекуван пораз среде Копривница претрпеа ракометарките на Подравка кој може да ги чини многу скапо во битката за титулата.
Избраничките на тренерот Жељко Бабиќ загубија сензационално од тимот на Дуго Село со 26-25 и широко и го отворија патот на Локомотива Загреб до шампионската титула.
Тоа беше причина раководството на Подравка да му се заблагодари на соработката на некогашниот тренер на Еурофарм Пелистер, кој доби отказ по само шест месеци во Копривница.
Иако Подравка водеше со 25-23, седум минути до крајот не постигнаа гол, а гостинките реализираа три пати и ја однесоа победата.
Тимот од Загреб има максимален број победи досега – 13 и 26 бода, а Подравка веќе заостануваше два бода, и сега од 14 меча има 24 бода. Дури и Подравка да слави во вториот меѓусебен дуел, ќе мора да чека друг кикс на Локомотива, што малку е веројатно дека ќе се случи.