Белорускиот шампион Мешков Брест соопшти дека е прекината соработката со тренерот Дмитри Тихон по поразот од најголемиот ривал во домашното првенство СКА Минск со 32-29.
Двете страни се разделија откако спогодбено беше раскинат меѓусебниот договор, па така секој продолжува по својот пат.
Дмитри Тихон во текот на месец март минатата година го презеде кормилото на Мешков Брест, откако клубот го напушти Даниел Гордо.
Мешков Брест, кој оваа година не учествува во Лигата на шампионите поради санкциите на ЕХФ кон клубовите од Белорусија, моментално ќе биде предводен од Василиј Островскиј.
Во следниот период се очекува раководството на клубот да го објави името на новиот тренер.