Тимот на Еурофарм Пелистер денеска им се враќа на обврските во Лигата на Европа и ќе излезе на мегдан на данскиот Скандерборг Архус.
Стратегот Ларс Валтер за разлика од претходните натпревари во регионалната СЕХА лига, сега ќе има поширок ростер.
Во составот по долго време се враќа Мартин Велковски, а по операцијата се рехабилитираше и Мохамед Суси.
Надвор oд комбинација се повредените Сери и Ѓорговски, како и крилата Маџовски, Кузманоски и Стоилевски.
Натпреварот меѓу Скандерборг Архус и Еурофарм Пелистер се игра вечерва со почеток во 18:45 часот.