Романските медиуми најавуваат промени во Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција за следната сезона.
Промените се однесуваат на термините за играње на натпреварите, кои веќе се активни трета сезона.
Дуелите од машката Лига на шампионите се играат во среда и четврток, додека дамите играат во сабота и недела.
Од следната сезона би требало да биде обратна ситуацијата, oдносно мажите да играат за викенд, а дамите во работни денови.
Веројатно ЕХФ не може да се бори со фудбалот и кошарката. Од овие спортови натпреварите од ЛШ и од Евролигата се играат во работна недела, па тоа влијае на гледаноста на ракометните средби.
Ова се неофицијални најави, кои веројатно ЕХФ ќе ги потврди на следниот состанок на Извршниот Комитет во март.