Поранешниот македонски селектор Ристо Магдинчев, кој во текот на месец јануари го презеде косовскиот суперлигаш Вуштрија, тргна со победа во новиот предизвик.
Вуштрија во продолжението на натпреварите од вториот дел од сезоната славеше на свој терен против составот на Влазними со шест гола разлика, 30:24.
Во следното, 18. коло од косовскиот шампионат, тимот на Магдинчев ќе игра против Трепча.
Екипата на Вуштрија моментално се наоѓа на 6. позиција на табелата и има големи шанси да обезбеди подобар пласман.