Тимот на Хановер, каде што настапува македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски, е елиминиран во четвртфиналето на Купот на Германија.
Хановер загуби на домашен терен од составот на Рајн Некар Левен со шест гола разлика, 31-25.
Кузмановски доби минутажа на овој натпревар од тренерот Прокоп и постигна еден погодок од четири обиди.
Покрај Рајн Некар, на завршниот турнир патува и Фленсбург, по триумфот по продолженија над Вецлар на Филип Миркуловски со 29-28.