Поранешниот голман на Хрватска и член на унгарски ПИК Сегед каде успешно настапува во својата 37.ма година од животот и натаму има амбиции за високи дострели.
Со тоа сака и да потврди дека за голманите годините никогаш не биле пречка.
Физички добро се чувствувам. Мотивиран сум и сакам да освојувам уште пехари во својата кариера. Сега сум во најзрелите голмански години, ако здравјето ме послужи имам уште неколку сезони врвен ракомет, изјави Алиловиќ.
Тој сега е член на ПИК Сегед, а својата кариера ја почна Извиѓач, потоа бранеше во Адемар Леон, Цеље и Веспрем. Воедно покрај за храватската репрезентација (164 натпревари) и настапувано и за селекцијата на Босна и Херцеговина (4 натпревари).
Минатата година за време на Европското првенство поради многуте позитивни тестови на Ковид кај голманите во хрвaтскиот национален тим го прифати повикот и беше дел од репрезентацијата.
Се зависи од моментот, одговори Алиловиќ затоа дали е можно повторно да биде дел од хрватската репрезентација.
Со Хрватска има освоено седум медали: бронза ЛОИ 2012; сребро 2009 СП; бронза 2013 СП; сребро 2008 ЕП; сребро 2010 ЕП; бронза 2012 ЕП и бронза 2016 ЕП.