Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за следните натпревари од европските купови во сите конкуренции.
Во машката Лига на шампиони, Драган Начевски ќе биде делегат на средбата меѓу Загреб и ПСЖ што се игра на 8 февруари од 18:45 часот.
Во Лигата на Европа кај мажите, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат мечот меѓу Гранољерс и Балатонфуреди што ќе се игра на 7 февруари од 20:45 часот.
Во Европскиот Куп, Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат реванш дуелот од осминафиналето меѓу српскиот Динамо Панчево и чешката Карвина што ќе се игра на 18 февруари од 18:00 часот.
Во женската Лига на шампиони, Исмаил Металари и Ненад Николовски ќе го судат мечот меѓу ЧСМ Букурешт и Брест Бретањ што ќе се игра на 5 февруари од 18:00 часот.
Во истата конкуренција, Силвана Карбеска и Марија ќе бидат арбитри на двобојот меѓу Рапид Букурешт и Локомотива Загеб што е на програмата на 12 февруари од 18:00 часот.
Ацо Николовски ќе биде делегат на средбата меѓу Будуќност и Кастамону, што се игра на 11 февруари од 16:00 часот.
Во Лигата на Европа кај дамите, Камер Металари ќе биде делегат на дуелот меѓу Валчеа и Турингер, што ќе се игра на 4 февруари од 18:00 часот.
Во Европскиот Куп во женска конкуренција, Михајло и Методија Илиевски ќе го судат првиот четвртфинален меч меѓу Јувента Михаловце и Кобержице, што ќе се игра на 11 февруари од 16:00 часот.