Репрезентацијата на Македонија го оствари својот најлош пласман на Мундијалите, откако заврши на 27 место на Светското првенство во Полска и Шведска.
Македонија во групната фаза на Мундијалот беше во група со селекциите на Норвешка, Холандија и Аргентина. Иако целта беше да се мине групата со една победа, сепак, избраниците на Кире Лазаров од сите три репрезентации беа убедливо поразени и продолжија во Плоцк, каде што разигруваа за пласман од 25 до 32 место.
Во натпреварите од групите од Президент Купот, Македонија оствари две победи, против Алжир и Мароко, додека во дуелот со Тунис доживеа пораз.
Денешната победа против Јужна Кореја беше доволна за да се освои 27 место на шампионатот, што е најлош пласман досега на Мундијалите, на кои играше Македонија.
Пред Македонија на 28-то Светско првенство завршија репрезентациите од типот на САД, Белгија, Бахреин, Зеленортските Острови, Иран…
Најдобриот пласман на Македонија на Мундијалите е 9 место во Катар (2015). На минатиот Мундијал во Египет, на кој Македонија учествуваше како замена за Чешка, беше освоено 23 место.