Некогашниот лев бек на Еуростандард Ѓорче Петров и Жито Прилеп, како и на повеќе странски клубови – Савица Мркиќ, игра одлично во италијанскиот шампионат во дресот на Ериче.
Таа е номинирана во изборот на италијанската федерација за најдобра интернационалка во конкуренција на Дуран од Бриксен и Гомез од Понтина.
Гласањето ќе се одвива само денеска и тоа на профилите на италијанската федерација на социјалната мрежа Инстаграм, како и на официјалниот сајт на италијанската федерација.
За Савица Мркиќ може да гласате на следниот ЛИНК. При гласањето за ракометарката од Македонија, задолжително треба да гласате и за најдобар интернационалец во Италија.
Македонката во 2021 година беше избрана за најдобра странска ракометарка во Италија, така што ќе има повторно шанса да го добие големото признание.
Мркиќ и Ериче на последниот дуел беа поразени од некогашниот шампион на Италија, Салерно, со резултат 26:20, а македонскиот лев бек даде шест погодоци.
Екипата на Ериче останува во игра за третото место на табелата. Тимот на Мркиќ моментално се наоѓа на 4. позиција со 20 бода, додека бод повеќе има актуелниот шампион Бриксен.