Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ го раскина договорот со украинскиот првак Мотор Запорожје и ќе има нов предизвик во кариерaта.
Средниот бек, летоска имаше потпишано договор со Вардар, но по суспензијата од ЛШ на „црвено-црните“, се пресели во Запорожје.
Таму стана еден од главните ракометари, но Мотор не игра на очекуваното ниво и губи натпревари во серија во Втората Бундес лига и во Лигата на Европа.
По добрите партии на СП во дресот на Црна Гора, сигурно нема да недостигаат понуди за организаторот на играта, кој своевремено беше член и Металург и Ференцварош.