Светската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од првото коло во Президент Купот.
Натпреварот меѓу Македонија и Алжир ќе го судат арбитри од Јужна Кореја, а станува збор за Ко и Ли.
Делегат на овој дуел ќе биде Бразилецот Седрез, а ќе се игра во „Орлен Арена“ во Плоцк од 15:30 часот.
Македонија е единствената европска селекција во Президент Купот и освен против Алжир, ќе игра против Тунис и Мароко.