По трите порази во првата групна фаза македонските ракометари ги очекуваат уште четири натпревари – три во групата 2 од Президент купот и еден за пласман.
На стартот во групата во Плоцк на 19 јануари (четврток) Македонија игра против Алжир со почеток во 15:30 часот.
Следниот натпревар го играме два дена подоцна на 21 јануари (сабота) против Тунис со почеток во 18:00 часот. Во истиот термин ќе играме и на 23 јануари (понеделник) против Мароко.
Во зависност од пласманот во групата ќе треба да се одигра уште еден натпревар за пласман, кој е на програмата на 25 јануари.
Во другата група од Президент Купот ќе играат Уругвај, Чиле, Саудиска Арабија и Јужна Кореја.