Вкупно 120 играчи од европскиот врв играат за 18 различни репрезентации на Светското првенство, а меѓу нив е и Македонија претставена со голманот Никола Митревски член на Порто. На Мундијалот има претставници од сите 16 екипи од групната фаза од Лигата на шампионите.
Бројката на играчи секако можеше да биде и поголема, но поради повреди отсуствуваат неколку големи ѕвезди: Камил Сипжак (ПСЖ/Полска), Ханиел Лангаро (Барселона/Бразил), Омар Јахија (Веспрем/Египет) или Аитор Арињо (Барселона/Шпанија).
Двата тима финалисти од Лигата на шампионите од 2022, Барселона и Келце се на водечките позиции според бројот на играчи. Двата тима имаат по 12 репрезентативци, во редовите на Барселона се од осум различни репрезентации, а кај Келце се од пет селекции.
Потоа следува ПИК Сегед со 11 играчи на Светското првенство, па Веспрем и магдебург со по 10. Најмалку репрезентативци од екипите од Лигата на шампиони има Елверум – само двајца.
Голманот Гонзало Перез де Варгас е единствениот Шпанец од редовите на Барселона, Руне Дамке е единствениот Германец кој игра во Кил, додека пак Тибо Брие е единствениот Французин во составот кој го носи дресот на Нант.
Клубови од Лигата на шампионите со играчи на Светското првенство:
Барселона 12 играчи – 8 репрезентации
Келце 12 играчи – 5 репрезентации
ПИК Сегед 11 играчи – 6 репрезентации
Веспрем 10 играчи – 7 репрезентации
Магдебург 10 играчи – 7 репрезентации
Кил 8 играчи – 5 репрезентации
ППД Загреб 8 играчи – 4 репрезентации
Алборг 8 играчи – 4 репрезентации
Нант 7 играчи – 5 репрезентации
Висла 7 играчи – 5 репрезентации
ПСЖ 7 играчи – 4 репрезентации
Порто 7 играчи – 2 репрезентации
Динамо Букурешт 4 играчи – 4 репрезентации
ГОГ Гудме 4 играчи – 3 репрезентации
Цеље 3 играчи – 1 репрезентација
Елверум 2 играча – 2 репрезентации
Црна Гора е единствената европска репрезентација без играч од Лигата на шампионите. Вкупно 18 од 32-те репрезентации од Светското првенство, меѓу кои и три надвор од Европа имаат во својот тим еден или повеќе играчи од тимовите од Лигата на шампионите. Најмногу има олимпискиот првак Франција 12 играчи, пет селекции имаат по 10 играчи (финалистите од Европското 2022 – Шведска и Шпанија, потоа Словенија, Хрватска и Португалија).
Франција – 12 играчи во 5 екипи од Лигата на шампионите
Словенија, Шпанија и Шведска – 10 играчи во 6 екипи од ЛШ
Хрватска – 10 играчи во 5 екипи од ЛШ
Португалија – 10 играчи во 4 екипи од ЛШ
Данска – 9 играчи во 5 екипи од ЛШ
Полска, Унгарија – 9 играчи од 3 екипи од ЛШ
Норвешка – 7 играчи од 5 екипи од ЛШ
Србија – 6 играчи од 5 екипи од ЛШ
Исланд – 5 играчи од 4 екипи од ЛШ
Германија – 5 играчи од 3 екипи од ЛШ
Египет – 3 играчи од 3 екипи од ЛШ
Бразил, Холандија – 2 играча од 2 екипи од ЛШ
Алжир, Македонија – 1 играч од 1 екипа од ЛШ