Машката репрезентација на Македонија утре ја очекува мечот на одлука против Аргентина, кој ќе реши која репрезентација од овие две ќе им се придружи на Норвешка и Холандија во главната рунда на СП.
Средниот бек на Македонија, Игор Ѓорѓиев, вели дека од ривалите во група најблиску сме до Аргентинците и ќе атакуваме на победа.
„Видовте и сами, Аргентина исто така убедливо загуби од Холандија со десет гола разлика. Со Аргентина со квалитет и со искуство сме на исто ниво, и затоа одиме на победа против нив“, вели Ѓорѓиев.
Мечот меѓу Македонија и Аргентина се игра утре во „Таурон Арена“ со почеток во 18:00 часот.