Селекторот Лазаров на прес конференцијата по завршувањето на натпреварот против Холандија не го криеше разочарувањето од играта и резултатот.
За Лазаров не е чудно да се изгуби натпревар против подобар противник, но несфатливо е да не се игра до самиот крај и да се дозволуваат такви високи порази.
Научивме многу работи на овие натпревари но не покажавме карактер. Против Норвешка губевме шест разлика на пет минути до крај а изгубувме дванаесет разлика на крајот. Така беше и денеска. Ќе мора доста да менуваме на следните натпревари. Имаме квалитетни ракометари, но им недостасува искуство.-заврши Лазаров.
Македонија ќе игра против Аргентина во третото коло на Мундијалот на 17 јануари со почеток во 18:00 часот.