Талески: Мора да учиме од другите како треба да се бориме

Македонија загуби од Хоалндија со 34-24 и многу веројатно ќе решава еден на еден против селекцијата на Аргентина за пласман во главната рунда на Мундијалот.

Левиот бек на Македонија, Филип Талески, вели дека неборбеноста на теренот е клучот за неуспехот на оваа средба.

„Повторуваме технички грешки, неборбеноста е клучот, треба да ги видиме тие репрезентации што се борат и ние да се бориме, но имаме уште една шанса за пласман во главната рунда. Тоа е тоа, одиме на тој последен натпревар со Аргентина, може за нас ќе значи да се биде или не“, вели Талески.

Мечот меѓу Македонија и Аргентина од третата рунда ќе се игра на 17 јануари од 18:00 часот.