Македонија со убедлив пораз од Норвешка со 38-27 го стартуваше Светското првенство во Полска и Шведска.
При крајот на првото полувреме, Михајло Младеновиќ падна на ногата на Томислав Јагуриновски, кој мораше на раце на соиграчите да биде изнесен од теренот.
Станува збор за повреда на зглобот на десната нога, а доброто во лошото е што може да гази на ногата.
Сепак постојат стравувања дека би можело да има скршеница, но од медицинскиот тим се надеваат тој не е сериозно и дека тој ќе биде на располагање за двете следни средби.