Амбициозниот тим на Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, започна со создавањето на тимот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.
Бундеслигашот денес официјално како ново и големо засилување го промовираше репрезентативецот на Летонија, Даинис Кристопанс.
Екс ракометарот на Вардар моментално настапува кај Раул Гонзалез во ПСЖ и во следната сезона ќе го има новиот интернационален предизвик.
Искусниот ракометар со раководството на бундеслигашот потпиша договор, со важност до јуни, 2027 година.
Во сегашниот состав на Мелсунген настапуваат двајца поранешни членови на Вардар. Станува збор за кружните напаѓачи Рожерио Мораеш Фереира и Глеб Калараш.
Кристопанс во последните четири сезони настапува во ПСЖ, додека претходно три сезони го носеше дресот на македонскиот шампион Вардар.
Со ,,црвено црните” во сезона 2018/19 ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во својата кариера настапуваше и за Мешков Брест и Татран Прешов.