ТРАНСФЕР БОМБА: Кристопанс оди кај Парондо во Мелсунген!

Амбициозниот тим на Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо, започна со создавањето на тимот за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Бундеслигашот денес преку социјалните мрежи како големо засилување го најави репрезентативецот на Летонија, Даинис Кристопанс.

Екс ракометарот на Вардар моментално настапува кај Раул Гонзалез во ПСЖ и во новата сезона би требало да го облече дресот на Мелсунген.

Во сегашниот состав на Мелсунген настапуваат двајца поранешни членови на Вардар. Станува збор за кружните напаѓачи Рожерио Мораеш Фереира и Глеб Калараш.

Кристопанс во последните четири сезони настапува во ПСЖ, додека претходно три сезони го носеше дресот на македонскиот шампион Вардар.

Со ,,црвено црните” во сезона 2018/19 ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во својата кариера настапуваше и за Мешков Брест и Татран Прешов.