Селекторот на Аргентина, Гињермо Милано го објави конечниот список на играчи за настап на Мундијалот во Полска и Шведска, кој ќе стартува денес.
Поголемиот број од избраните ракометари во составот на Аргентина, која е еден од ривалите на Македонија во групната фаза, настапуваат во Шпанија.
Најзвучни имиња во репрезентацијата на Аргентина се членовите на Монпелје, Диего Симоне и Лукас Москариел, како и екс голманот на Барселона и актуелен член на Спортинг, Лео Масиел. На списокот се наоѓа и Пабло Симоне од екипата на Куенка.
Дуелот меѓу Македонија и Аргентина ќе се игра на 17 јануари во „Таурон Арена“ со почеток од 18:00 часот.
Избраниците на Милано на 15 јануари ќе играат против Норвешка, додека Мундијалот ќе го стартуваат со дуел против Холандија на 13 јануари.