Македонскиот интернационалец Дарко Георгиевски во продолжението од сезоната ќе настапува во шампионатот на БиХ.
Македонецот, кој од 2021 година настапуваше за францускиот третолигаш Ланесте, ги засили редовите на босанскиот суперлигаш Слобода од Тузла.
Босанскиот суперлигаш е предводен од некогашниот тренер на Вардар, Перо Милошевиќ. Искусниот стратег беше на кормилото на Вардар во сезона 2010/11. Тогаш во ,,црвено црниот дрес” настапуваше и Дарко Георгиевски.
Новиот клуб на Георгиевски, првиот дел од сезоната во тамошниот шампионат го заврши на 7. позиција, но сѐ уште има големи шанси да обезбеди пласман меѓу најдобрите пет екипи.
Во БиХ настапува и голманот од Македонија, Александар Стојаноски, кој го носи дресот на Искра Бугојно.
Георгиевски во Македонија настапуваше за екипите на Охрид, Вардар, МРК Вардар, Куманово, Драчево и Пелистер.
Во Франција го носеше дресот на Монтелимар, Белфор и Ланесте, а беше беше дел и од Ред Бојс Диферданж од Луксембург.