Македонската интернационалка Ана Марија Божиновска ја предводеше екипата на Есентепе до пласман во следната фаза од Дервиш Мишон Купот, кој се игра само во Северен Кипар.
Божиновска и колешките убедливо славеа против екипата на Озанкој, со резултат 58:21.
Победникот беше одлучен уште во првото полувреме, во кое Есентепе постигна 17, а прими само осум гола.
Екс ракометарката на Чаир, Вардар и Металург беше најефикасна на натпреварот и во мрежата на домаќинот постигна 11 погодоци.
Македонката, која во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, имаше и неколку асистенции кон своите колешки.
View this post on Instagram