Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, го објави конечниот список на патници за Светското првенство во Полска и Шведска.
Тој ќе смета на 18 ракометари, а од оние 22 што беа на тренинзите и играа на пријателските со Црна Гора, Хрватска и Израел, отпаднаа десното крило Александар Петковски, десниот бек Давид Савревски, левото крило Цветна Кузманоски и голманот Марко Кизиќ.
За Краков патуваат Филип Талески и Никола Митревски кои не беа дел од тимот во Пореч.
Македонија е во група со Норвешка, Аргентина и Холандија, а настапот на СП го започнува на 13 јануари со Норвежаните.
Македонија: Мартин Томовски, Никола Митревски, Дејан Манасков, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевси, Ненад Костески, Жарко Пешевски, Марко Стојковиќ, Никола Маркоски, Костадин Петров, Филип Талески, Иван Џонов, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Михајло Младновиќ, Павле Атанасијевиќ, Томислав Јагуриновски, Мартин Серафимов.