Унгарија на Светското првенство во Полска и Шведска ќе настапи без членот на Бенфика, Адам Јухаш.
Средниот бек на еден од репрезентативните тренинзи го повредил окото. Повредата била сериозна и 26-годишниот ракометар веднаш бил хоспитализиран.
Веќе е јасно дека ракометарот на Бенфика нема да и биде на располагање на унгарската репрезентација за Мундијалот.
Селекторот на Унгарија, Чема Родригез, кој пред извесен период го објави списокот на играчи за настап на Мундијалот, на позицијата среден бек го има на располагање искусниот Мате Лекаи и членот на Штутгарт, Егон Хануш.
Унгарија на Мундијалот ќе игра во група со репрезентациите на Исланд, Португалија и Јужна Кореја.