Почна корона циркусот – Питлик „лажно позитивен“, мораше да седи два дена во изолација

Левиот бек на Данска, Симон Питлик, имаше позитивен тест на коронавирус на првиот собир на данската репрезентација.

Тој се покажа како „лажно позитивен“, бидејќи е резултат на стара инфекција. Вториот тест вчера беше негативен и Питлик од денеска ќе се приклучи на националниот тим.

Данецот немаше никакви симптоми и веднаш се врати во стројот на Николај Јакобсен, па ќе биде во комбинација за пријателските натпревари со Саудиска Арабија.

ИХФ го објави ковид протоколот, кој наложува најмалку три ковид тестови за време на СП, но ваквите мерки наидоа на жестоки реакции од репрезентации што ќе играат на Мундијалот.

Секој позитивен случај за време на СП ќе значи пеет дена изолација.