Машката репрезентација на Македонија денеска ги заврши мини подготовките во Маврово, каде што беа одиграни и две пријателски средби против Црна Гора.
Ракометарите ќе имаат само ден одмор и веднаш на 1 јануари во комплетен состав со Никола Митревски и Филип Кузмановски.
На 3 јануари ќе се игра ревијалниот натпревар меѓу ветераните и сегашните репрезентативци, а следниот ден нашите ракометари патуваат за Пореч.
Таму ќе бидат дел од „Кроација Куп“ и на 6 јануари ќе се соочат со домаќинот Хрватска, додека на 7 јануари ќе играа против Израел на екс македонскиот селектор Драган Ѓукиќ.
Потоа се враќаат во Македонија, каде што ќе тренираат до заминувањето за Краков. Во „Таурон Арената“ наши ривали ќе бидат Норвешка, Аргентина и Холандија.