Поголемиот број на репрезентации, кои ќе учествуваат на Светското првенство во јануари, ги започнаа подготовките за настап на Мундијалот.
Еден од ко-организаторите на Мундијалот, селекцијата на Полска на турнирот во Гдањск денес беше поразена од Тунис, со резултат 32:31.
Во дресот на Полска настапи и ракометарот на Вардар, левото крило Јан Чувара.
Свој пријателски натпревар на турнирот во Гдањск одиграа и репрезентациите на Јужна Кореја и Бразил, а победник беше селекцијата од Азија, која во дуелот со Бразил славеше со шест гола разлика, 28:22.
Египет имаше успешен старт на подготовките, откако убедливо го совлада Алжир со 38:27.
Пријателски натпревари одиграа и дел од репрезентациите кои нема да учествуваат на Мундијалот. Чешка и Летонија одиграа без победник, 24:24, додека Словачка ја совлада Романија со 30:31.
За потсетување, македонската селекција денес го одигра вториот контролен натпревар против Црна Гора.