Македонија со минимален пораз од Црна Гора, промашивме во финишот за реми!

Машката сениорска репрезентација на Македонија загуби на вториот пријателски натпревар од Црна Гора со 31-30.

По првото полувреме нашите ракометари, кои играа во изменет состав во споредба со вчерашниот натпревар, губеа со четири гола разлика, 18-14.

Во вториот дел, македонските репрезентативци се вратија во игра, имаа и напад за реми, но Мартин Серафимов не реализираше.

Повторно не играше Никола Митревски, како ни Давид Савревски и Александар Петковски, а шанса доби Петар Атанасијевиќ.

Вчера Македонија ја победи Црна Гора со 38-33, а ја чекаат уште две средби во Хрватска, против „коцкестите“ и против Израел, кој е предводен од екс македонскиот селектор Драган Ѓукиќ.