Македонскиот интернационалец Мартин Поповски продолжува со одличните настапи во дресот на Амичитија Цирих.
Екс ракометарот на Вардар и Текстилец заедно со Амичитија Цирих во осминафиналето од Купот на Швајцарија славеа против Сент Гален со три гола разлика, 33:30.
Најзаслужен за победата на Амичитија Цирих беше токму десното крило од Македонија.
Поповски во мрежата на домаќините постигна девет гола од 12 обиди и одигра на висина на задачата и во одбраната.
Амичитија Цирих со победата против Сент Гален ги заврши обврските за овој дел од натпреварувачката сезона.