Тимот на Дунареа Браила, каде што игра македонската репрезентативка Јована Саздовска, беше поразен во натпревар од 10. коло од романскиот шампионат.
Дунареа загуби на гостински терен кај ѕвездениот ЧСМ Букурешт со 36-26, откако и на полувреме имаше негатива од четири гола, 20-14.
Саздовска беше втор стрелец во составот од Браила и постигна четири погодоци, додека најдобра беше екс членката на Металург, Кристина Лишчевиќ со пет гола. За ЧСМ Букурешт, Кристина Неагу даде осум погодоци.
Дунареа Браила се наоѓа на шестото место на табелата, а во следното коло на 29 декември, во дерби мечот ќе ја пречека Глорија Бузау.