Данскиот вицепрвак Алборг не престанува со засилувањата за наредната сезона. По ангажирањето на четири засилувања, ново име во богатиот проект од Данска е перспективниот ракометар Маринус Мунк, кој игра на позиција лев бек и кој има само 19 години.
Младиот ракометар настапува во младинскиот тим на Алборг, а во следната сезона ќе биде прекомандуван во сениорскиот тим каде ќе има можност да се надоградува и да учи од најдобрите.
Мунк го потпиша првиот професионален договор и во Алборг ќе настапува најмалку до 2025 година. Неговите одлични настапи за младинската екипа на Алборг беа причина да заигра во младинската репрезентација на Данска.
Алборг за следната сезона ги ангажираше Томас Арнолдсен од Архус, Симон Халд од Фленсбург, Никлас Ландин од Кил и Фабијан Норстен од Гумерзбах.