Македонската репрезентативка Александра Коловска по само неколку месеци од трансферот во Јувента Михаловце, може да стигне до првиот трофеј со новиот клуб.
Јувента Михаловце обезбеди место во финалето на Купот на Словачка, откако славееше над Слован Дусло Шала со 27-22.
Коловска на овој натпревар успеа да постигне еден погодок, а стандардно си ја одработи својата задача во одбрана и му помогна на тимот да се пласира во финалето.
Мечот за трофејот во Купот ќе се игра на 4 јануари 2023, а ривал на Јувента ќе му биде тимот на Дунајска Стреда.
До крајот на годинава Коловска и Јувента ќе одиграат уште еден меч. На 20 декември во Михаловце ќе гостува тимот на Бањик Мост во дербито на МОЛ лигата.