Македонскиот интернационалец Александар Стојаноски, кој оваа сезона настапува за екипата на Искра Бугојно, продолжува да брани во одлична форма во шампионатот на БиХ.
Стојаноски со Искра Бугојно во натпревар од 14. коло од тамошниот шампионат беа подобри од тимот на Градачац со пет гола разлика, 39:34.
Македонецот повторно ја имаше главната улога на теренот и беше во центарот на вниманието со одличните партии меѓу стативите.
Екс голманот на Охрид, Струга, Јуниор КВ и Тиквеш натпреварот против Градачац го заврши со 16 одбранети удари и дел од неговите интервенции беа атрактивни.
Екипата на Искра Бугојно во досегашниот тек од сезоната во босанското првенство забележа шест победи, едно реми и седум порази. Тимот на Стојаноски е позициониран на 10. позиција на табелата со 13 бода.
Следен предизвик за Искра Бугојно е гостувањето во Добој кај екипата на Слога.
Босанците се воодушевени од македонскиот голман, па дури и на Фејсбук профилот на Ракометниот Сојуз на БиХ, објавуваат компилации од одбраните на македонскиот голман.