Гидсел останува во Фуксе Берлин до 2028!

Репрезентативецот на Данска, Матијас Гидсел, кој во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, реши да ја продолжи соработката со Фуксе Берлин, клуб во кој ќе се надоградува во следните шест години.

Десниот бек во Фуксе Берлин уште на првите одиграни натпревари се покажа во одлично светло, а тоа беше причина раководството на „лисиците“ да го задржи на подолг временски период.

Гидсел и Фуксе Берлин се договорија на нова соработка, која ќе биде со важност до јуни, 2028 година, па така еден од најдобрите дански ракометари најголемиот дел од кариерата ќе ја мине во тимот од Берлин.

Данецот пред да направи трансфер од ГОГ во Фуксе Берлин, на своја адреса имаше понуди и од Фленсбург и други бундеслигашки клубови, но тој одлучи да го носи дресот на неговиот сегашен клуб.