Тимот на Херц Шмартно, каде што настапува кадетскиот репрезентативец Мирче Калајџиески, забележа победа во Втората лига на Словенија.
Шмартно на домашен терен славеше против Мокерц со 39-30 во натпревар од 12 коло, а на полувреме имаше водство од три гола, 18-15.
Калајџиески беше втор стрелец во тимот и успеа да постигне шест погодоци, а со тоа ја продолжува одличната форма во која игра уште од летоска.
Македонскиот среден бек е меѓу најдобрите стрелци во клубот, иако настапи на осум меча од 12 што досега ги одигра Шмартно.