Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло во групната фаза од Лигата на Европа.
Црногорските арбитри Стефан Ивановиќ и Милан Вујисиќ ќе го судат мечот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун.
Делегат на овој натпревар што ќе се одигра во вторник во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот ќе биде Михаил Башев од источниот сосед на Македонија.
Еурофарм Пелистер загуби на првиот меч во Ирун со убедливи 32-20 и ќе се обиде да му се реваншира на шпанскиот тим за поразот.