Тимот на Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, одигра само реми против тимот на Нове Весели.
Плзен и Нове Весели во натпревар од 17. коло од шампионатот на Чешка ги поделија бодовите, откако натпреварот заврши без победник, 29:29.
Костески на овој дуел постигна четири погодоци и одигра на висина на задачата во одбраната. Екс ракометарот на Вардар, Стефан Терзиќ беше најефикасен во составот на Плзен со седум погодоци.
Клубот на Костески по 17 одиграни натпревари е позициониран на првото место на табелата со 31 бод, додека второпласираниот Ловосице и третопласираната Карвина на свое конто имаат 28, односно 26 бода.
Овој викенд Костески и соиграчите ќе играат против израелскиот Рамат Хашарон во рамки од третата рунда во Европскиот Куп.