Босански Борац Бања Лука се пофали со македонски спонзор (ФОТО)

Вообичаено е македонските компании да ги поддржуваат домашните спортски тимови и поединци, но некои тоа го прават и надвор од Македонија. Така, поранешниот ракометен гигант Борац Бања Лука се пофали со македонски спонзор – Винарска Визба Тиквеш.

Вчера делегација на клубот беше во Македонија во посета на винаријата во Кавадарци каде бил епримени од сопственикот Светозар Јаневски и била договорена соработка.

Во моментов Борац е на 10. место на табелата во првенството на БИХ од вкупно 16 екипи, и далеку од можноста да се бори за титулата. Прв е Извиѓач кој има 25 бода, а Борац само 12.

Логото на винаријата ВВ Тиквеш е на дресот на Борац, и луѓето од клубот се надеваат дека таа соработка ќе продолжи и заедно ќе имаат успеси. Борац во својата клупска историја има десетинА пехари и трофеи, а најважните се тИтулата шампион на Европа во 1976 година и Купот на ИХФ во 1991 година.

Своевремено ВВ Тиквеш беше и главен спонзор на ракометниот клуб од Кавадарци, но потоа се повлече од македонскиот ракомет.