Тимот на ПАОК од Солун, каде што настапува македонскиот интернационалец Виктор Гигов, забележа победа во 11 коло од шампионатот на нашиот јужен сосед.
ПАОК со одлично второ полувреме славеше на гостински терен кај составот на Врилисија со 32-23.
Со оваа победа, тимот од Солун сега има 17 бодови и се доближи на третото место веднаш за водечките АЕК Атина со 21 и Олимпијакос со 20 бода.
ПАОК по елиминацијата од Европскиот Куп комплетно ќе се посвети на домашниот шампионат, а следниот натпревар го игра на гостински терен против Дукас.