Ракометарите на Аеродром прославија убедлива победа над составот на Драчево со 34-23 во натпревар од 11 коло во прволигашката конкуренција.
Предводени од голманот Марко Богдановски кој имаше 18 одбрани, аеродромци комплетно го надиграа гостинот. Уште од стартот избраниците на Дарко Петровски си го „фатија редот“ и поведоа со 5-1. Беше и 13-5, а на пауза се замина со 15-9.
На почетокот на вториот дел Аеродром се одлепи на плус десет, 21-11 и веќе немаше дилеми до крајот кој ќе слави на овој натпревар, па шанса за настап добија сите ракометари од клупата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Трифуноски и Митревски со по пет погодоци, додека кај гостите од Драчево, пет гола даде Петковски, а по четири пати стрелаа Дабевски, Дука и Анѓелковски.
Аееродром сега има 22 бод на првото место на табелата во групата Б, додека Драчево останува втор со 19 бод на втората позииција.