Тимот на Лемго, каде што брани македонскиот голман Борко Ристовски, ја прекина серијата од два порази во Бундес лигата.
Лемго славеше против Ерланген со убедливи 34-27, а нашиот чувар на мрежата имаше солидна партија на голот.
Тој влезе во игра во 20 минута од мечот и успеа да запре шест удари на противничките ракометари.
Лемго сега има десет бода на 14 позиција на табелата, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Магдебург.