Петров најдобар на теренот, Тор победнички против Фрам

Тимот на Тор, каде што игра македонскиот репрезентативец Костадин Петров, забележа победа во Втората лига на Исланд.

Тор Акурејри славеше на гостински терен кај составот на Фрам со убедливи седум гола разлика, 27-20, во дуел од осмото коло.

Петров беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне шест погодоци, а уште еден екс вардарец, Јосип Векиќ, беше меѓу подобрите со пет гола.

Тор Акурејри, сега има три победи, едно реми и четири порази. До пред неколку дена, исландскиот тим беше предводен од македонскиот тренер Стевче Алушовски, но соработката беше спогодбена прекината.